Одлуки на Собрание на акционери на Бетон АД Скопје
среда, 08 јуни 2005
Бетон АД Скопје известува за следните одлуки донесени од Собранието на акционери на Друштвото:
- За членови на Управен одбор се избрани: Јанакиевски Злате, Трпески Трајко, Велковски Трајче, Јовановски Ѓоре, Софрониевски Љубе, Ваљак Ивица, Петрески Благоја, Манчев Блашко и Петров Ацо. За претседател на Управен одбор е именуван Злате Јанакиевски. Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 4 години;
- За членови на Надзорен одбор се избрани: Анастасов Јован, Ивановски Андреја, Шабкулоска Лилјана-независен член и Азманов Зоран;
- Остварената добивка во износ од 26.469.339 денари од работењето на Бетон АД Скопје во текот на 2004 година се распоредува на следниов начин:
-Дивиденда за ПИО 736.975,00 денари
-Резервен фонд 3.970.401,00 денари
-Резервен фонд-за откуп на сопствени акции 6.550.500,00 денари
-Нераспределена (акумулирана) добивка 15.211.463,00 денари
Средствата од добивката од 2003 година во износ од 6.550.500 денари кои со одлука на Собранието беа распоредени за откуп на сопствени акции не се искористени и истите се распоредуваат во акумулирана добивка;
- Со одлуката за откуп на сопствени акции се одобрува купување на 4.367 обични сопствени акции во вкупна номинална вредност од 68.446.852 денари. Купувањето на сопствените акции друштвото ќе го врши од делот од добивката распореден за оваа намена. Откупот на акциите ќе се изврши најдоцна до 27.05.2006 година. Купените сопствени акции Бетон АД Скопје ќе ги продаде во рок од една година од денот на нивното стекнување.