Македонска берза стана членка на Иницијативата за одржливи берзи (Sustainable Stock Exchanges Initiative)
среда, 08 мај 2019

Македонска берза стана членка на Иницијативата за одржливи берзи (Sustainable Stock Exchanges Initiative). Оваа Иницијатива е формирана од страна на Генералното Собрание на Обединетите нации и има за цел градење и подобрување на капацитетите на берзите и регулаторите, промоција на одговорно вложување во компании со одржлив развој и унапредување на корпоративното однесување во доменот на заштитата на животната средина и општествената одговорност.

Изјавата на Главниот извршен директор Иван Штериев, може да ја прочитате на следниот линк:
http://www.sseinitiative.org/home-slider/macedonian-stock-exchanges-announces-commitment-to-positively-change-corporate-culture/