Согласно барањето на Комисијата за работење со хартии од вредност при Македонската банкарска асоцијација, а поради скратеното работно време во банките/брокерските куќи и воведената забрана за движење после 16:00 часот во работните денови, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за времена промена на времето на тргување на Берзата, согласно која, почнувајќи од 09.04.2020 година, времетраењето на тргувањето со хартии од вредност наместо до 14:00 часот ќе трае до 13:00 часот. Соодветно на оваа измена направени се измени и прилагодувања на сите пропишани временски распореди во рамките на денот на тргување.
Скратено време на тргување на Берзата
среда, 08 април 2020