Ревидиран извештај за 2003 година на Тетовска банка АД Тетово
четврток, 08 април 2004
Тетовска банка АД Тетово до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Банката за 2003 година остварила добивка во износ од 235.997.000 денари. Вкупната актива на Тетовска банка АД Тетово на 31.12.2003 година изнесува 1.411.675.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 826.608.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Тетовска банка АД Тетово може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.