Отворена стечајна постапка над Тане Цалески АД Кичево
понеделник, 08 март 2004
Македонската Берза АД Скопје доби известување дека Основниот суд во Кичево на 24.02.2004 година донел Решение за отворање на стечајна постапка над Тане Цалески АД Кичево. Поради отворената стечајна постапка, Берзата го запира тргувањето со акциите на Тане Цалески АД Кичево.