Известување од Алкалоид АД Скопје
понеделник, 08 март 2004
Алкалоид АД Скопје известува дека е завршен проектот за дислокација и доопремување на производството на фармацевтски суровини, со што се заокружија производните можности на погонот Флексибилни синтези на локалитетот Лафома.
Поставувањето на опремата за синтеза на фармацевтски суровини по вертикала во слободниот модул на погонот Флексибилни синтези обезбедува континуираност на производството на овие суровини со потврден квалитет и потребна количина. Заокружувањето на погонот Флексибилни синтези овозможува осовременување на целокупниот технолошки процес и можност за негова следливост. Со тоа се створени услови за завршната фаза во синтезата на фармацевтски суровини, после чие завршување Алкалоид во целост ќе го заокружи производството на фармацевтските суровини согласно барањата на Европската регулатива за ДПП.
Воедно, со дислокацијата на синтезата на фармацевтски суровини од локалитетот Автокоманда физички се отстрани еден од најстарите објекти на Алкалоид, со што се пристапи кон просторно и сообраќајно уредување на локалитетот Автокоманда.
За овие проекти Алкалоид вложи вкупно 700.000 евра.