Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 07.02.2005 година
вторник, 08 февруари 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 07.02.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 7 сопствени обични акции, по цена од 15.000 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 20 сопствени обични акции, по цена од 1.152 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 07.02.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Гранит АД Скопје - 237 обични акции;
- Комерцијална банка АД Скопје - 35 обични акции, 79 приоритетни акции.