Известување од Топлификација АД Скопје во врска со движењето на цената на акциите на друштвото
вторник, 08 февруари 2005
Во врска со осцилациите во цената на акциите на Топлификација АД Скопје во периодот 31.01.-08.02.2005 година, раководството на Топлификација АД Скопје достави известување до Македонската Берза во кое истакнува дека не поседува никаква ценовно осетлива информација која би влијаела на ваквото движење на цената на акциите на друштвото во наведениот период.