Откуп и продажба на сопствени акции од котирани друштва на 07.12.2005
четврток, 08 декември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 07.12.2005 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 990 сопствени обични акции по цена од 37 денари за една акција, преку 5 трансакциjи;
На 07.12.2005 година Oхридска банка АД Охрид изврши продажба на 5 сопствени обични акции, по цена од 4.700 денари за една акција, преку 1 трансакција.