Откуп и продажба на сопствени акции на котирани друштва на 07.12.2004 година
среда, 08 декември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 07.12.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 1.166 сопствени обични акции, и тоа:
o 296 акции по цена од 1.870 денари за една акција, преку 6 трансакции;
o 490 акции по цена од 1.899 денари за една акција, преку 3 трансакции;
o 380 акции по цена од 1.900 денари за една акција, преку 11 трансакции.
- Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 37 сопствени обични акции, и тоа:
o 12 акции по цена од 12.200 денари за една акција, преку 3 трансакции;
o 25 акции по цена од 12.250 денари за една акција, преку 3 трансакции.
На 07.12.2004 година следните котирани друштва извршија продажба на сопствени акции:
- Охридска банка АД Охрид изврши продажба на 983 сопствени обични акции, по цена од 1.855 денари за една акција, преку 1 трансакција.
- Тетекс АД Тетово изврши продажба на 3.714 сопствени обични акции, по цена од 310 денари за една акција, преку 22 трансакции.