Известување од Димко Митрев АД Велес
понеделник, 08 декември 2003
Димко Митрев АД Велес известува дека на 25.11.2003 година е одржано Собрание на акционери на кое е донесена Одлука за именување на неизвршни членови на Одборот на директори.
За неизвршни членови на Одборот на директори, со мандат од четири години, се именуваат:
1. Благој Шоптрајанов од Велес, дипл. правник - раководител на Општо-правен и кадров сектор;
2. Ацо Петров од Велес, дипл. економист - раководител на Сметководствено-финансов сектор;
3. Ванчо Колев од Скопје, дипл. инг. технолог (надворешен член) и
4. Стевче Савевски од Скопје, дипл инг. технолог (надворешен член).
Со именувањето на овие членови, поради истек на мандатот им престанува мандатот на неизвршните членови:
1. Љубомир Богоевски;
2. Ванчо Пеловски и
3. Ѓорѓи Котевски.