(Скопје, 08 ноември 2010) водечките претставници од 21 компаниja од осум земји од Југоисточна Европа ќе учествуваат на регионалната инвеститорска конференција, за време на која ќе се одржат 170 „еден на еден„ состаноци со австриски и меѓународни инвеститори
RaiffeisenCentrobankAG заедно со берзите од Југоисточна Европа: (Бањалучката, Белградската, Љубљанската, Македонската, Монтенегро берзата, NEX берзата, Сараевската и Загребската берза) ги поканија инвеститорите и компаниите на петтата Регионална инвеститорска конференција на пазарите на капитал од Југоисточна Европа што ќе се одржи на 09 ноември 2010 година во Виена. На настанот ќе присуствуваат 65 австриски и меѓународни инвеститори.
Директорите на берзите од регинонот со Главниот извршен директор на RCB г-нот Шпис
“Навреме ги препознавме можностите кои се нудат на просторите на Југоисточна Европа и ги интензивиравме нашите активности во рамките на регионот„ истакна г-нот MichaelSpiss, Главниот извршен директор на RaiffeisenCentrobankAG која е коорганизатор на овој настан. Оваа година вкупно 21 компанија од Југоисточна Европа ја прифатија поканата за учество на настанот и можноста да се претстават пред стручната инвеститорска заедница што претставува нов рекорд. За време на настанот се планирани да се одржат 170 „еден на еден„ состаноци што укажува на значителен интерес за поголем проток на информации
За време на конференцијата ќе се претстават следниве компании:
Македонија: Алкалоид, Комерцијална банка Скопје и Стопанска банка Битола.
Србија: Енергопроект холдинг, Сојапротеин, Тигар и Комерцијална Банка Белград.
Хрватска: Ериксон Никола Тесла, Атлантик Група и ХТ-хрватски телекомуникации.
Словенија: Меркатор, Лука Копер, Нова КБМ и Горење.
Босна и Херцеговина: Нова Банка и ЈП Електростопанство БиХ.
Црна Гора: 13. јул Плантажи и Црногорски Телеком.
За прв пат на коференцијата ќе земат учество и два компани од Романија (Трангас и Транселектрика) и една компанија од Бугарија (Софарм).