Откуп, продажба и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 07.11.2005
вторник, 08 ноември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 07.11.2005 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на сопствени обични акции и тоа:
-206 обични акции по цена од 39 денари за една акција, преку 1 трансакција;
-1.178 обични акции по цена од 40 денари за една акција, преку 6 трансакции;
На 07.11.2005 година Инвестбанка АД Скопје изврши продажба на 32 сопствени обични акции, по цена од 2.730 денари за една акција, преку 2 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 07.11.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-ЕМО АД Охрид – 69 обични акции,
-Тутунски комбинат АД Прилеп – 33 обични акции.