Известување од Комерцијална банка АД Скопје
вторник, 08 ноември 2005
Комерцијална банка АД Скопје известува дека по објавениот оглас за проджба на Стоковната куќа Типо Управниот одбор на банката ја прифати понудата на италијанскиот холдинг T&M Holding S.P.A. Rimini, Италија. Идниот сопственик на Стоковната куќа Типо понудил да плати вкупно 675 милиони денари, од кои 165 милиони денари веќе ги уплатил на сметката на банката, а остатокот до полната цена ќе го отплаќа на кредит со рок на отплата од 10 години и камата во висина на 6 месечниот либор за еврото, која во монетов изнесува околу 2,14% годишно.