Откуп на сопствени акции од котирани друштва на 07.10.2004 година
петок, 08 октомври 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 07.10.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции: - Гранит АД Скопје изврши откуп на 212 сопствени обични акции, по цена од 90 денари за една акција, преку 1 трансакција; - Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 30 сопствени обични акции, по цена од 980 денари за една акција, преку 1 трансакција; - Тетекс АД Тетово изврши откуп на 3.714 сопствени обични акции, по цена од 310 денари за една акција, преку 1 трансакција.