Официјален почеток на Интернет СЕМ-ОН.НЕТ порталот на берзите од Југоисточна Европа
среда, 08 октомври 2003
Во вторникот, на 7 Октомври 2003 година, на Љубљанската Берза се одржа инаигурација на новиот СЕМ-ОН.НЕТ портал кој што е направен како дел од Информациската интеграција на Берзите од Југоисточна Европа, од страна на Љубљанската Берза. Овој тригодишен проект започна во 2002 година и се применува во рамките на Европскиот Пакт за Стабиланост, фокусирајки се на создавањето организација иа инфраструктура која ќе овозможи информирање и собирање на информациска врска со Пазарите на капитал од Југоисточна Европа.
Овој веб портал официјално беше претставен од Матјаж Логар, Државен Секретар при Министерството за Економија на Република Словенија.
На презентацијата присуствуваа претставници на останатите Берзи од овој регион и други стопанственици.
Преку овој портал беа претставени Берзите и хартиите од вредност од Југоисточна Европа – Сараево, Бања Лука, Скопје, Вараждин, Подгорица и Љубљана.Овој проект на информациско поврзување има за цел да воспостави он-лине размена на информации за членовите на берзите, да овозможи објавување на ценовно осетливите информации, да ги подобри и стандардизира статистичките податоци и да овозможи соодветена промоција на учесниците на Пазарот на капитал од регионот. Во иднина берзите учеснички и институциите ќе се насочат кон постигнување на подобра профитабилност, транспарентност и сугурност во инвестирањето во регионов, преку имплементирање на меѓународно прифатени стандарди на деловно работење, со посебен осврт на:
- имплементирање на инфраструктура за објавување на ценовно осетливите информации и други информации;
- хармонизација на регулаторните и оперативните стандарди со глобалните трендови во пазарот на капитал;
- дизајнирање, развивање и имплементирање на соодветни крос-бордер тргувања за берзите учеснички;
- дизајнирање, развивање и имплементирање на соодветни решенија за подобрување на пазарната контрола;
- понатамошно подобрување на меѓусебната соработка и промоција на регионот, преку одржување на работни групи и заеднички промотивни активности.
Порталот СЕМ-ОН.НЕТ првично треба да одговори на потребите на инвеститорите за основните информации на компаниите, за нивните хартии од вредност како што се моменталните цени и нивните движења во рамките на минатата година, основни податоци за деловното работење, информации за Извршните директори и поголемите сопственици, основни податоци од финансиските извештаи,основните финансиски индикатори и проценки на индикатори.
Од статистичка гледна точка, содржината на СЕМ-ОН.НЕТ порталот содржи податоци за бројот на хартии од вредност со кои се тргува на Берзите членки, нивната пазарна капитализација, промет, пазарните индикатори и индивидуалните хартии од вредност на берзите членки.
Исто така, дневни и месечни сумарни податоци заедно со информации кои се донесуваат на активности во врска со берзите членки како и опширни информации за регулаторската легислатива во поодделните берзи членки се достапни на новиот Интернет портал.
Промоцијата на СЕМ-ОН.НЕТ порталот на Берзите од Југоисточна Европа за македонската јавност ќе биде презентирана во наредната недела.