Котација на Дваесет и четвртата емисија на обврзници за денационализација
четврток, 08 јануари 2026

Одборот на директори на Берзата донесе одлука за котација на Дваесет и четвртата емисија на државни обврзници за денационализација на Официјалниот пазар на Македонската берза со прв датум на тргување 09.01.2026 година.
Дваесет и четвртата емисија на обврзници за денационализација е со следните карактеристики:
-    Вид на хартијата од вредност: Дваесет и четврта емисија на обврзници за денационализација, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
-    Издавач: Република Северна Македонија;
-    Вкупен износ на емисијата: 1.500.000 евра;
-    Номинална вредност на една обврзница: 1,00 евро;
-    Број на издадени обврзници во емисијата: 1.500.000;
-    Датум на издавање: 30.12.2025 година;
-    Каматна стапка: 2% годишно, на остатокот на расположивата главнина за отплата.;
-    Рок на достасување на обврзниците: 01.06.2035 година;
-    Начин на отплата: Каматата и главнината се исплатува еднаш годишно, на 01.06., во период од 10 години, започнувајќи од 01.06.2026 година;
-    Почеток на тргување со обврзниците: 09.01.2026 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
-    ИСИН: MKMINF200DO9;
-    Шифра за тргување на Берзата: RMDEN24;