На 04.09.2020 година до Берзата е доставено Решение од Комисија за хартии од вредност со кое се изрекува привремена забрана за вршењето на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје.
Оттука, Ве известуваме дека членката Иново Брокер АД Скопје е суспендирана од тргување со хартии од вредност на Македонска берза АД Скопје во времетраење од 7 дена, започнувајќи од ден 07.09.2020 година. Воедно, согласно Решението од КХВ, брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје ќе биде привремено исклучена од членство во периодот на траење на забраната.
Привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје
понеделник, 07 септември 2020