Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 06.09.2005
среда, 07 септември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 06.09.2005 година следниве котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
-КИБ АД Куманово изврши откуп на 42 сопствени обични акции по цена од 1.000 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 06.09.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Карпош АД Скопје – 130 обични акции.