Известување од Скопски пазар АД Скопје
вторник, 07 септември 2004
Скопски пазар АД Скопје ја достави Одлуката за усвојување на завршната сметка од 10.05.2004 година, во која е наведено дека нето добивката во износ од 32.952.977 денари се распоредува на следниот начин:
1. За дивиденда 9.800.000 денари,
2. Резерви за откуп на сопствени акции 10.000.000 денари,
3. Посебен резервен фонд 5.000.000 денари,
4. Нераспоредена добивка 8.152.977 денари.
Се одобрува средствата предвидени за откуп на сопствени акции и непотрошените средства за откуп на сопствени акции во износ од 3.180.655 денари, а издвоени по Одлука на Собранието од 2002 година (по завршната сметка за 2001 година), да се реализираат за предвидената намена. Најниската цена за акциите се утврдува на 1.600 денари, а највисоката цена се утврдува на 3.100 денари за акција.
Рокот за откуп на акциите е 12 месеци од донесувањето на Одлуката.
Купените акции мора да бидат продадени во рок од една година од денот на нивното стекнување.
Доколку акциите не бидат продадени во определениот рок истите без одлагање да се поништат и да се спроведе постапка за соодветно намалување на основната главнина на Друштвото.