На седницата одржана на 27.05.2022 година, Одборот на директори на Македонска берза донесе Одлука за котација на корпоративни обврзници издадени од СН Осигурителен брокер АД Битола на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје, на подсегментот Берзанска котација.
Карактеристиките на овој финансиски инструмент се следни:
• Вид на хартија од вредност: корпоративни обврзници, преносливи, субординирани, необезбедени, со фиксна каматна стапка.
• Број на издадени хв: 7.583
• Номинална вредност на една хв: 10.000 МКД
• Вкупна номинална вредност на емисијата: 75.830.000,00 МКД
• Датум на издавање: 01.03.2022 година
• Датум на достасување: 28.02.2027 година
• Каматна стапка: Фиксна годишна камата од 6,00% за целиот период.
• Исплата на камата: 28.02.2023; 29.02.2024; 28.02.2025; 28.02.2026 и 28.02.2027 година. Каматата се пресметува во денари и се исплаќа во денари
• Правна положба (субординираност) на хв: Обврските врз основа на долгорочните должнички хартии од вредност (корпоративна обврзница) се целосно подредени на обврските кон останатите доверители на друштвото, односно ќе бидат исплатени по измирување на обврските кон останатите доверители на друштвото. Во случај на втора емисија, оваа обврзница ќе има приоритет при исплата во однос на други должнички хартии од вредност со ист квалитет и исти карактеристики како оваа обврзница. Обврските врз основа на долгорочните должнички хартии од вредност - корпоративна обврзница не подлежат на каков било договор или друг акт што го намалува степенот на субординација.
• Куповна опција/Откуп: Обврските врз основа на корпоративните обврзници не можат да бидат откупени или привремено отплатени, освен во случај на стечај или ликвидација на Друштвото.
• Шифра на тргување: SNBTO
• ISIN: MKSNOB200014
• Датум на котација и прв ден на тргување: 09.06.2022 година
• Режим на тргување: Аукциско тргување, Трета група