Откуп и продажба на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 06.06.2005 година
вторник, 07 јуни 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 06.06.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 1.478 сопствени обични акции, по цена од 2.301 денар за една акција, преку 6 трансакции;
- Тетекс АД Тетово изврши откуп на 1.620 сопствени обични акции, по цена од 310 денари за една акција, преку 1 трансакција.
На 06.06.2005 година следните котирани друштва извршија продажба на сопствени акции:
- Комерцијална банка АД Скопје изврши продажба на 5.000 сопствени обични акции, по цена од 1.950 денари за една акција, преку 1 блок трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 06.06.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Гранит АД Скопје - 3.211 обични акции.