Ревидиран извештај за 2003 година на Жито Лукс АД Скопје
понеделник, 07 јуни 2004
Жито Лукс АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило загуба во износ од 94.984.000 денари. Вкупната актива на Жито Лукс АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 2.764.216.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 725.413.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Жито Лукс АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.