Ревидиран извештај за 2003 година на Силекс банка АД Скопје
понеделник, 07 јуни 2004
Силекс банка АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Банката за 2003 година остварило добивка во износ од 2.901.000 денари. Вкупната актива на Силекс банка АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 1.005.822.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 447.444.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Силекс банка АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.