Ревидиран извештај за 2003 година на РЖ Макстил АД Скопје
понеделник, 07 јуни 2004
РЖ Макстил АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 31.867.000 денари. Вкупната актива на РЖ Макстил АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 3.580.300.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 3.030.612.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на РЖ Макстил АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.