Одлуки на Одборот на директори на Македонската берза за исклучување од котација
понеделник, 07 мај 2007
Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 04.05.2007 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Карпош АД Скопје, по барање на издавачот.
Акциите на Карпош АД Скопје се исклучуваат од котација на Официјалниот пазар на Македонската берза на 09.05.2007 година, од кога со овие акции ќе може да се тргува на Редовниот пазар на Македонската берза.
На истата седница Одборот на директори на Македонската Берза, донесе одлука за исклучување од котација на Обврзницата за санација на Стопанска банка АД Скопје, издадена од Република Македонија, по барање на Министерството за финансии поради предвремен откуп на обврзницата.
Обврзницата за санација на Стопанска банка АД Скопје се исклучува од котација на Официјалниот пазар на Македонската берза на 08.05.2007 година.