Ревидиран извештај за 2003 година на Факом АД Скопје
петок, 07 мај 2004
Факом АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 3.456.773 денари. Вкупната актива на Факом АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 329.200.705 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 154.839.602 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Факом АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.