Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 04.04.2025 година Витаминка АД Прилеп изврши откуп на:
-115 сопствени обични акции по цена од 11.400,00 денари за една акција, преку една трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 04.04.2025 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:
- Алкалоид АД Скопје - 17 обични акции
- ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово - 99 обични акции
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје - 14 обични акции
- Макстил АД Скопје - 150 обични акции
- Уготур АД Скопје - 16 обични акции