Привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Иново брокер АД Скопје
понеделник, 07 април 2014

На 07.04.2014 година до Берзата е доставено Решение од Комисијата за хартии од вредност со кое се изрекува привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Иново брокер АД Скопје.
 
Оттука, членката Иново брокер АД Скопје е суспендирана од тргување со хартии од вредностна Македонска берза АД Скопје во времетраење од 30 работни дена, започнувајќи од ден 08.04.2014 година. Воедно, согласно Решението од КХВ, брокерската куќа Иново брокер АД Скопје ќе биде привремено исклучена од членство во периодот на траење на забраната.