Ревидиран извештај за 2003 година на Стопанска банка АД Битола
среда, 07 април 2004
Стопанска банка АД Битола до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Банката за 2003 година остварила добивка во износ од 188.705.000 денари. Вкупната актива на Стопанска банка АД Битола на 31.12.2003 година изнесува 4.365.140.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 2.997.692.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Стопанска банка АД Битола може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.