Ревидиран извештај за 2003 година на Охридска банка АД Охрид
среда, 07 април 2004
Охридска банка АД Охрид до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Банката за 2003 година остварила добивка во износ од 90.331.000 денари. Вкупната актива на Охридска банка АД Охрид на 31.12.2003 година изнесува 5.225.768.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 4.478.768.000 денари. Дивидендата по акција за 2003 година изнесува 263 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Охридска банка АД Охрид може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.