Известување од Тетекс АД Тетово
среда, 07 април 2004
Тетекс АД Тетово објавува дека на 29.04.2004 година (четврток), во салата за состаноци на Друштвото, со почеток во 13 часот, ќе се одржи редовното годишно Собрание на акционерите на Тетекс АД Тетово, со следниот Дневен ред:
1. Избор на претседател на Собранието на акционери на Тетекс АД.
2. Разгледување и усвојување на Извештајот за работењето на Тетекс АД за 2003 година.
3. Разгледување и усвојување на Годишната сметка на Тетекс АД за 2003 година – донесување на одлуки.
4. Разгледување и усвојување на Извештајот за работа на Одборот на директори за 2003 година.
5. Разгледување на Извештајот на ревизорската куќа за извршената ревизија на годишната сметка на Друштвото за 2003 година.
6. Донесување на одлука за измена на член од Статутот на Тетекс АД.
7. Донесување на одлука за разрешување и именување на членови на Одборот на директори на Тетекс АД.
8. Донесување на одлука за назначување на овластен ревизор на годишната сметка на Тетекс АД за 2004 година.
Повикот за одржување на годишното Собрание на акционери на Тетекс АД Тетово е објавен во дневниот весник „Утрински весник“ од 05.04.2004 година.