Известување од Благој Ѓорев АД Велес во врска со осцилациите во цената на акциите во Јануари
понеделник, 07 февруари 2005
Во врска со движењето на цената на акциите на Благој Ѓорев АД Велес во периодот 18.01.-27.01.2005 година, раководството на Благој Ѓорев АД Велес достави известување во кое наведува дека не му се познати причините за осцилациите во цената на акциите на друштвото во втората половина на јануари 2005 година.
Од друштвото напоменуваат дека истргуваните акции во наведениот период изнесуваат едвај 0,1% од вкупниот број на акции издадени од Благој Ѓорев АД Велес, поради што сметаат дека немаат големо влијание на општите текови на цената постигната пред овој период.