Продажба на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 06.12.2004 година
вторник, 07 декември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 06.12.2004 година следните котирани друштва извршија продажба на сопствени акции:
- ЗК Пелагонија АД Битола изврши продажба на 10.050 сопствени обични акции, по цена од 315 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 06.12.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Економика АД Скопје – 21 обични акции;
- Макстил АД Скопје – 479 обични акции;
- РЖ Услуги АД Скопје – 176 обични акции;
- ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово – 373 обични акции;
- РЖ Институт АД Скопје – 5 обични акции;
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 22 обични акции;
- РЖ Техничка контрола АД Скопје – 8 обични акции.