Известување од Топлификација АД Скопје
вторник, 07 декември 2004
Топлификација АД Скопје до Македонската Берза го достави следното известување:
„Согласно обврските од Правилникот за котација на хартии од вредност, глава 6, точка 6.07. - "Известување за значителни удели", Ве известуваме за следните промени во сопственичката структура на издавачот Топлификација АД:
На ден 06.12.2004 со блок транасакција на Македонската берза извршен е промет на 70.000 обични акции издадени од Топлификација АД Скопје, во посед на Топлификација-одржување АД Скопје.
Предметинте акции се купени од словенечка холдинг компанија "Потеза берзанско посредничко друштво" , Љубљана , Железна цеста бр. 18.
Со предметнава трансакција новиот сопственик се стекна со 15,5% од вкупниот акционерски капитал на издавачот, односно поседува 70.000 обични акции со право на глас.
Воедно со предметнава трансакција досегашниот акционер со над 10% од акциите со право на глас, Топлификација - одржување АД Скопје го намали своето учество во акционерскиот капитал на друштвото на 5,3% од вкупниот акционерски капитал, односно сега поседува 8.350 акции со право на глас.“