Котација на државни обврзници
четврток, 07 ноември 2019

Ве известуваме дека по поднесено барање за котација од страна на Министерството за финансии, почнувајќи од 07.11.2019 година, на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација и ќе започне тргувањето со државни обврзници со вкупна номинална вредност од 1.000.000.000 МКД.

Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето.