Членките МОЈ БРОКЕР АД Скопје и БЕТА БРОКЕР АД Скопје привремено се исклучуваат од членство во Берзата поради неисполнување на континуираните услови за членство пропишани во Правилата за членство на Берзата.
Привременото исклучување од членство во Берзата на членките МОЈ БРОКЕР АД Скопје и БЕТА БРОКЕР АД Скопје ќе почне да се применува од ден 10.11.2008 година и истото е со времетраење до целосно исполнување на континуираните услови за членство во Берзата.