Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
среда, 07 ноември 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 06.11.2007 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
- 114 сопствени обични акции по цена од 8.000 денари за една акција, преку 3 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 06.11.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 4.620 обични акции;
-Бетон АД Скопје – 10 обични акции;
-Алкалоид АД Скопје – 28 обични акции