Ве известуваме дека на 12.10.2022 година (Среда), на барање на членката Еурохаус АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје), ќе се понуди за продажба пакет од 236.120 обични акции издадени од Гранит АД Скопје што претставува 7,69% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 1.450,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“.
Организирање јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции
петок, 07 октомври 2022