ОТКУП НА СОПСТВЕНИ АКЦИИ И НЕТРГОВСКИ ТРАНСФЕР НА АКЦИИ НА КОТИРАНИ ДРУШТВА
понеделник, 07 октомври 2013
Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното: На 04.10.2013 година Тетекс АД Тетово изврши откуп на: -437 сопствени обични акции по цена од 494,00 денари за една акција, преку 2 трансакции. Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 04.10.2013 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва: - Макпетрол АД Скопје –15 обични акции - Македонски Телеком АД Скопје –632 обична акција - Алкалоид АД Скопје –650 обични акции