Откуп на сопствени акции од котирани друштва на 06.10.2004 година
четврток, 07 октомври 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 06.10.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Гранит АД Скопје изврши откуп на 1.948 сопствени обични акции, по цена од 90 денари за една акција, преку 7 трансакции;
- Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 146 сопствени обични акции, и тоа:
• 15 сопствени обични акции по цена од 12.299 денари за една акција, преку 1 трансакција;
• 37 сопствени обични акции по цена од 12.300 денари за една акција, преку 2 трансакции;
• 85 сопствени обични акции по цена од 12.350 денари за една акција, преку 2 трансакции и
• 9 сопствени обични акции по цена од 12.399 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- Скопски пазар АД Скопје изврши откуп на 50 сопствени обични акции, по цена од 2.700 денари за една акција, преку 1 трансакција.