Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
среда, 06 септември 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 05.09.2006 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 300 сопствени обични акции по цена од 3.001 денар за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 05.09.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-РЖ Институт АД Скопје – 6 обични акции,
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 24 обични акции,
-РЖ Макстил АД Скопје – 542 обични акции,
-РЖ Економика АД Скопје – 23 обични акции,
-ОХИС АД Скопје – 101 обични акции,
-РЖ Услуги АД Скопје – 199 обични акции.