Согласно Одлуката на Одборот на директори на Берзата бр.02-829/1 од 19.06.2018 година за измени и дополнувања на Правилата за тргување и Решението на Комисијата за хартии од вредност бр.УП1 08-32 од 16.07.2018 година, извршени се измени и дополнувања на Правилата за тргување на Берзата со примена почнувајќи од 06.08.2018 година.
Со цел усогласување на одредбите од Правилата за тргување со новите услови во коишто се врши поврзувањето на членките и Берзата, се извршија измени и дополнувања во Глава X од Правилата за тргување, со кои што се регулира начинот на обезбедување на комуникација и се регулира постапувањето во случај на нефункционирање на комуникациските водови помеѓу членките и Берзата.
Истовремено, со оваа Одлука се врши измена во член 59, став 6 од Правилата, со која се предвидува подетално уредување на можноста за користење на т.н. специјален ден на порамнување.
Пречистениот текст на Правилата за тргување ќе може да се најде на интернет страницата на Берзата www.mse.mk, во делот Регулатива/Акти на Берзата.