На седницата одржана на 06.08.2014 година Одборот на директори на Македонската Берза донесе одлука за котација на Тринаесетта емисија на обврзници за денационализација.
Тринаесетта емисија на обврзници за денационализација е со следните карактеристики:
- Вид на хартијата од вредност: Тринаесетта емисија на обврзници за денационализација, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
- Издавач: Република Македонија;
- Вкупен износ на емисијата: 10.000.000 евра;
- Номинална вредност на една обврзница: 1,00 евро;
- Број на издадени обврзници во емисијата: 10.000.000;
- Датум на издавање: 05.08.2014 година;
- Каматна стапка: 2% годишно, на остатокот на расположивата главнина за отплата. Каматата се пресметува од 05.08.2014 година;
- Рок на достасување на обврзниците: 01.06.2024 година;
- Начин на отплата: Каматата и главнината се исплатува еднаш годишно, на 01.06., во период од 10 години, започнувајќи од 01.06.2015 година;
- Почеток на тргување со обврзниците:08.08.2014 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
- ИСИН:MKMINF200DD2;
- Шифра за тргување на Берзата:RMDEN13;
- Распоред на тргување: Континуирано тргување.