Акциите на Јака Табак АД Радовиш се исклучени од котација
петок, 06 август 2004
Одборот на директори на Македонската Берза на седницата одржана на 05.08.2004 година, согласно член 9.06, став 2 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Македонската Берза, донесе Одлука за исклучување од котација на акциите на Јака Табак АД Радовиш.
Од 09.08.2004 година со акциите на Јака Табак АД Радовиш ќе може да се тргува на Неофицијалниот пазар-Слободен Пазар на Берзата.