Online презентација - crowdfunding платформа Funderbeam
понеделник, 06 јули 2020

Македонската берза во текот на јули ќе организира нови активности преку кои ќе може уште подобро да се запознаете со crowdfunding платформата Funderbeam.

Преку воспоставената соработка помеѓу Funderbeam SEE и Maкедонска берза, првиот настан во рамките на овие активности е бесплатна презентација на Damir Bicanic, Директор на Funderbeam SEE, на 08.07.2020 (среда) од 12:00 часот.

Регистрација на https://forms.gle/qfPjsUXRfgzAyv3GA

Презентацијата ќе се одржи преку Zoom платформата. Пред почетокот на презентацијата, ќе биде испратен линк за пристап до платформата за следење на презентацијата.

Во рамките на „Јули - месец на Funderbeam“ ќе имате можност да закажете online состанок со претставници на Берзата и да дознаете подетално за платформата.Вашиот интерес за online состанок, Ве молиме да го потврдите кај Каролина Каровска Божиноска преку електронската пошта karolina@mse.org.mk