(Охрид, 06 мај 2011 година) Македонската берза е домаќин на Извршниот и Работниот комитет на Федерацијата на Евроазиски берзи (ФЕАС) што се одржуваат на 05 и 06 мај во Охрид.
Федерацијата е формирана во 1995 година од 12 берзи основачи, а моментално брои 34 берзи и 13 придружни членки од 30 земји. Кон Федерацијата може да пристапат берзите од пазарите во појавување, пост-трговските институции и брокерско-дилерските здруженија од Европа, Азија и Блискиот Исток.
За време на состаноците берзите дискутираа за начините на кои ќе продолжат да обезбедуваат конкурентни и остварливи опции за финансирање на државниот и приватниот сектор, преку подобрување на своето работење во делот на нови технологии и воведување нови услуги кои ќе се нудат на пазарните учесници. Понатаму, берзите се фокусираа на создавање на нови начини за зголемување на транспарентноста преку инвестирање во инфраструктурата и развој на регулативата. За време на состанокот беа презентирни и остварувањата на работните тела на Федерацијата во текот на 2011 година.