Градежен Институт Македонија АД Скопје
вторник, 06 мај 2003
Согласно Договорот за котација, Градежен Институт Македонија АД Скопје ги известува акционерите дека на 24.05.2003 година ќе одржи Собрание на акционери. Согласно Предлог-Одлуката на Управниот Одбор за распоредување на добивката по Годишна сметка за 2002 година, предложената дивиденда по акција ќе изнесува 62,89 денари, односно 2% во однос на номиналната вредност.
Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2002 година е 05.06.2003 година.
Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2002 година е 09.06.2003 година.
Датум на пресек на акционерска книга е 10.06.2003 година.
Исплатата на дивиденда за 2002 година ќе се изврши во предвидениот законски рок.