Kотација на Осмата емисија на обврзници за денационализација
понеделник, 06 април 2009
На седницата одржана на 06.04.2009 година Одборот на директори на Македонската Берза донесе одлука за котација на Осмата емисија на обврзници за денационализација.
 
Осмата емисија на обврзници за денационализација е со следните карактеристики:
-              Вид на хартијата од вредност: Осма емисија на обврзници за денационализација, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
-              Издавач: Република Македонија;
-              Вкупен износ на емисијата: 23.000.000 евра;
-              Номинална вредност на една обврзница: 1,00 евро;
-              Број на издадени обврзници во емисијата: 23.000.000;
-              Датум на издавање: 06.04.2009 година;
-              Каматна стапка: 2% годишно, на остатокот на расположивата главнина за отплата. Каматата се пресметува од 06.04.2009 година;
-              Рок на достасување на обврзниците: 01.06.2019 година;
-              Начин на отплата: Каматата и главнината се исплатува еднаш годишно, на 01.06., во период од 10 години, започнувајќи од 01.06.2010 година;
-              Почеток на тргување со обврзниците:09.04.2009 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
-              ИСИН:MKMINF200D84;
-              Шифра за тргување на Берзата: РМДЕН08.