На 06.04.2009 година Одборот на директори на Македонската Берза донесе одлука за котација на Осмата емисија на обврзници за денационализација на Официјалниот пазар на Македонската берза почнувајќи од 09.04.2009 година.
Осмата емисија на обврзници за денационализација е издадена од Република Македонија и е во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива.
Вкупниот износ на емисијата е 23.000.000 евра, номинална вредност на една обврзница е 1 евро.
Датумот на издавање на обврзницата е 06.04.2009 година а датумот на достасување на обврзницата е 01.06.2019 година.
Каматна стапка на купонот изнесува 2% годишно и се пресметува на остатокот на расположивата главнина за отплата. Каматата на првиот купон се пресметува од 06.04.2009 година. Каматата се исплатува еднаш годишно, на секој 01.06. започнувајќи од 01.06.2010 година.
Главнината се отплатува во 10 еднакви годишни рати, на секој 01.06. започнувајќи од 01.06.2010 година.
На Официјалниот пазар на Македонската берза Осмата емисија на обврзници за денационализација ќе се тргува под шифра за тргување РМДЕН08 а ИСИН бројот на емисијата е MKMINF200D84.